ЛДП: Вицепремиере, не е исто членство во ЕУ со членството во Шенген зоната
Либерално-демократската партија (ЛДП) е изненадена од непознавањето за правилата на Европската унија на заменик премиерот и министер за транспорт, изнесени на вчерашното гостување го Тема на денот по последните случувања со протестите на транспортерите, реагираат од оваа партија.

Со неговата изјава дека „таргет за влез во ЕУ кој сега е нов е 2030 година. За една земја да стане дел од Шенген-зоната се потребни дополнителни 5 години. Бугарија и Романија дури сега станаа дел од Шенген, што значи дека во најдобар случај девет и пол години од денес ние би биле во Шенген“, што јасно покажува елементарно непознавање на карактеристиките на членството во ЕУ и Шенген зоната, посочуваат од ЛДП.
ЛДП го советува вицепремиерот дека со членство во ЕУ, нема да важи веќе правилото на ограничување за престој 90/180 дена, членство во Шенген подразбира немање на гранична контрола и важно е да се напомене дека една држава може да биде член на Шенген зоната и без да биде член на ЕУ (Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн итн.).
Додека вицепремиерот и неговите колеги не ги научат основните разлики помеѓу ЕУ и Шенген зоната, добронамерно им порачуваме прво да одат на курс за ЕУ, па потоа да одат и да се шетаат во Брисел.
Како што стојат работите, Македонија во изминатите денови изгуби милиони евра од блокадите, за на крајот самите превозници од регионот да ја надминат состојбата и наскоро, да го вратат транспортот во нормала.