Претставникот на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, како и претставниците на Франција и Германија, Емануел Боне и Јенс Плетнер, пристигнаа во Белград од Приштина, а се сретнаа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Лајчак и советниците на германскиот претседател Олаф Шолц и Емануел Макрон утрото разговарале со премиерот на Косово – Албин Курти за тоа како понатаму во дијалогот, но не навеле детали од разговорот.
„Разговаравме за дијалог и како да се придвижи процесот. Беше исцрпна и важна дискусија, а верувам дека разбирате дека не можеме да даваме детали, бидејќи денеска ќе ги имаме истите разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ“ – рече Лајчак во текот на денот.
Сепак, на Инстаграм српскиот претседател беше дециден уште пред средбата: Признавање на Косово нема да има!
View this post on Instagram