Не е вистинско време да се отвори за сообраќај главниот мост во Косовска Митровица на реката Ибар, изјави специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, на „Делфи форумот“ во Грција.
Одговарајќи на барањето на Собранието на општина Северна Митровица за повторно отворање на мостот што го поврзува северниот дел на Митровица со јужниот, тој предупреди дека тоа може да предизвика нова криза.
Тој изјавил дека атмосферата „очигледно не е добра за тоа“ и дека „мора да се почитуваат црвените линии“, пренесува порталот Репортерс.
Лајчак рече и дека договорот од Охрид е вистинска платформа и „двојна победа“ бидејќи, како што рече, има многу придобивки за двете страни.