„Имавме многу професионална, фокусирана дискусија со почит, но тие не се бореа, ги почитуваа визиите што и двајцата ги имаат и се свесни за разликите“, рече специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Тој потенцираше дека не била залудна неодамнешната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, во Брисел.
Лајчак изјави и дека во разговорот за заедницата на српските општини во Брисел, на Приштина и понудил решение – да се промени наративот.