Лајчак и Ескобар на крајот на неделата во Приштина и Белград

Специјалните претставници на Европската унија и на САД за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, кон крајот на неделата ќе дојдат на Косово, а потоа во Белград, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Повикувајќи се на дипломатски извори, РСЕ наведува дека специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, ќе престојуваат во Приштина на 20 јануари.

Целта на посетата е да се подготви за одржување на следната рунда од дијалогот на највисоко политичко ниво во Брисел, односно средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, според извори.

Вучиќ и Курти последен пат се сретнаа во Брисел во ноември 2022 година, во екот на тензиите на северот на Косово.

Дипломатски извори во Брисел посочија дека специјалните претставници на францускиот претседател и на германската канцеларка Емануел Бон и Јенс Плетнер наскоро ќе ги посетат Белград и Приштина, но се уште не се знае дали ќе дојдат заедно со Лајчак и Ескобар.