Лајчак изнесе во јавноста за неговата средба со Александар Вучиќ.
„Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите. Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата“ објави Лајчак на Твитер.
Александар Вучиќ изјави дека денеска во Белград имал „чесен и коректен“ разговор со претставниците на ЕУ и САД задолжени за Западен Балкан.
„Искрен и коректен разговор со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак и американскиот пратеник Габриел Ескобар“, напиша Вучиќ на Инстаграм по трилатералната средба.