
Лајчак во посета на Белград и на Приштина
Мирослав Лајчак доаѓа во Белград за разговор со Александар Вучиќ и претставници на властите во Србија за актуелните тензии на Косово. После тоа со истата задача тој патува во Приштина.
Лајчак во текот на денот во Брисел ќе го информира политичкиот комитет на ЕУ за состојбата на терен, но и со текстот на ажурираниот предлог на ЕУ за решение на односите меѓу двете страни.
Како што вчера најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Лајчак ќе направи длабинска анализа на тој предлог со амбасадорите, пред да допатува во Србија и во Косово, соопшти белградска Н1.
На 15 декември Европскиот совет ќе ја разгледа ситуацијата во Западен Балкан, ќе ги повика политичарите од регионот да дадат резултати како доказ за политичката волја за проевропските реформи. Се очекува и да дадат зелено светло на препораките Босна и Херцеговина конечно да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.