Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ги задоволи сите барања, но не само на нивното гласачко тело – туку и на граѓаните

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Анализа рече дека е направен вистинскиот избор за носители во изборните единици и смета дека дека набрзо ќе се дознае кој ќе биде носител во петтата единица.

Вели дека е измислица на СДСМ и не е законски регулирано носител и коносител.

– Добро е што во Собранието постојат статистики и се цени редовноста. По однос на тие статистики, довербата е оправдана. Има статистики кои ги прави парламентарниот институт во Собранието. Како пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ ги задоволи сите барања на не само на своето гласачко тело, туку и на граѓаните, за сите предизвици со кои се соочивме од 2020 досега – рече Ласовска.