Ланду најави укинување на визите за странците кои „ја слават, одобруваат или се потсмеваат“ на смртта на Кирк

Американскиот заменик државен секретар Крис Ланду денеска најави дека Стејт департментот „ќе преземе соодветни мерки“ против странците во САД кои „ја слават, одобруваат или се потсмеваат“ на смртта на влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк.

Тој наведе дека една мерките би можела да биде и суспендирање на визата, бидејќи „странците кои глорифицираат насилство и омраза не се добредојдени посетители во нашата земја“.

– Згрозен сум од тоа што го видов на социјалните мрежи, некои слават, одобруваат или се потсмеваат на настан и им наложив на нашите конзуларни службеници да преземат соодветни мерки, објави Ланду на платформата Икс.

Тој ги замоли граѓаните да го известат за недоличните коментари на странците со цел „Стејт департментот да може да го заштити американскиот народ“.