Лами се чувствува виновен за расправијата меѓу Трамп и Зеленски
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека чувствува лична одговорност поради тоа што украинската делегација не била соодветно подготвена за неодамнешната средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесува „Гардијан“.

Состанокот во Овалната соба се одржа на 28 февруари, за време на кој Трамп остро го критикуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Американскиот лидер од украинската страна побара да прифати прекин на огнот и да се воздржи од негативни изјави на сметка на рускиот претседател Владимир Путин.
– Да бидам искрен, си помислив: Зошто не направив повеќе за да ги поддржам нашите украински колеги во подготовката за нивниот состанок? Бев малку строг кон себе. Но, сепак се чувствував виновен, рече Лами, нагласувајќи дека поканата до делегацијата од Киев дошла во последен момент.
Шефот на британската дипломатија објасни дека неговите соработници биле преокупирани со подготовката на сопствениот состанок со американскиот претседател, што довело до тоа да немаат доволно време да им помогнат на украинските партнери во подготовките.
Во продолжение на разговорот, Лами изрази и длабока загриженост поради ескалацијата на Блискиот Исток, велејќи дека цел ден страда поради војната меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас. Тој нагласи дека на светот „очајно му е потребен прекин на огнот и крај на страдањата“.