Ламин Џамал собори уште еден рекорд во дресот на Барселона!
Возбудливиот, по малку контроверзен финиш на натпреварот помеѓу Гранада и Барселона во неделата вечер и конечниот резултат (2:2) некако го засени новиот настап на новата ѕвезда на каталонскиот клуб.
Минатата сезона стана најмладиот дебитант на Барселона, од неодамна и на Шпанија, во чиј дрес стана најмладиот стрелец досега, а сега ги помести границите и во Ла лига.
На возраст од 16 години и 87 дена, голот на Ламин Џамал, кој ја намали предноста на неговите ривали синоќа, е дело на најмладиот играч досега во Ла Лига.
Досега рекордот го држеше поранешната голема надеж на Малага, Фабрис Олинга. Тој ја затресе мрежата во 2012 година на 16 години и 98 дена.
Џамал неодамна го продолжи договорот со клубот од „Ноу Камп“ до 2026 година со откупна клаузула од 1 милијарда евра.