Македонскиот пејачот Ламбе Алабаковски е пуштен на слобода, по завршувањето на 8-дневниот притвор кој му беше определен поради обвинение за палењето на влезот на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Адвокатот на Алабаковски потврдил оти како мерка на претпазливост Основниот суд во Битола одлучил на пејачот да му биде одземен пасошот.
Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола на 4. јуни.
Три дена по настанот, на 7 јуни, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека е откриен сторителот на пожарот во бугарскиот клуб во Битола, по што судија на претходна постапка му одреди осумдневен притвор, кој подоцна беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бегство затоа што пејачот има двојно државјанство.