Лазов: Вчера се отпуштени и последните вработени во ФЕНИ, локалната власт и Владата останaa неми набљудувачи
Новиот претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Герасим Лазов денеска објави дека според информации што ги добил, во текот на вчерашниот ден биле отпуштени и последните стотина вработени од компанијата ФЕНИ.

Според Лазов, како што стои во објавата, по гасењето на печката за производство и, како што вели, целосно игнорантскиот однос на локалната и централната власт, ваквиот исход за жал беше очекуван.
Претседавачот на ЦО на СДСМ го вперува прстот во централната и локалната власт.
Градоначалникот, локалната власт и Владата останaa неми набљудувачи, без конкретни чекори, без притисок, без вистинска борба за работните места и иднината на еден од најголемите индустриски капацитети во Кавадарци. ФЕНИ не згасна преку ноќ – беше оставен да пропадне.
Ова е директна последица на незаинтересираност, неодговорност и отсуство на визија. Еден од симболите на индустрискиот развој на Кавадарци заминува во историјата. А цената повторно ја плаќаат работниците и нивните семејства, порачува Лазов.