Лазаров: Сакаме полна сала во Скопје за да го прославиме ЕП

Македонската ракометна репрезентација вчера го совлада Луксембург 23-28 во рамките на петтото квалификациско коло за пласман на Европското првенство.

Иако домаќините пружија солиден отпор, квалитетот преовлада и Македонија ја извојува планираната победа.

По мечот, своето размислување и очекување за следниот предизвик го изнесе селекторот Кирил Лазаров.

„Во денешниот ракомет не е лесно да се победи против секој ривал. Подобри сме од Луксембург, но кога не играш дома, тешко е да се победи против секој ривал. Очекував вака тежок натпревар, но бевме фокусирани и концентрирани сите шеесет минути, направив многу ротации за да бидеме свежи и на крај победивме. Среќен сум што победивме и се пласиравме уште еднаш на Европско првенство. Во недела се надевам дека ќе бидеме уште подобри отколку на овој натпревар, бидејќи во `Борис Трајковски` очекувам полна сала и пред нашите навивачи да го прославиме пласманот на Европското првенство со оваа подмладена генерација“, изјави Лазаров.

Веќе в недела Македонија ја очекува последниот натпревар во квалификациите против Турција.