Лазаров по победата на Алкалоид во дербито со Еурофарм Пелистер: Капа им симнувам на моите ракометари

На моите ракометари им симнувам капа. Им кажав дека не ми е важно кој ги постигнува головите, туку најважно е да играме како тим. Се надевам дека ќе продолжиме во такво темпо, изјави тренерот на РК Алкалоид.

Ракометарите на РК Алкалоид предводени од тренерот Кире Лазаров беа одлични на мечот со РК Еурофарм Пелистер и го совладаа уверливо со што останаа во Супер Лигата како тим кој има максимален број на бодови по одиграните осум кола.

Тренерот Кире Лазаров по мечот имаше само пофални зборови за неговите избраници.

– Одигравме квалитетно во дербито со Пелистер. Ова е можеби еден од нашите најдобри настпаи. Среќни сме и задоволни поради победата. На моите ракометари им симнувам капа. Им кажав дека не ми е важно кој ги постигнува головите, туку најважно е да играме како тим. Се надевам дека ќе продолжиме во такво темпо – изјави Лазаров.