Лазаров по победата во Атина: Овие момци ја направија горда нацијата

Сакам пред сè да им честитам на момците! Секоја чест за момците Македонци. Како што и се договоривме да бидеме храбри, да не паднеме на ниеден притисок, тоа и го трениравме бевме мудри во текот на целиот натпревар и самите видовте дека не беше воопшто лесно со оглед на целиот притисок, истакна тренерот на Алкалоид Кире Лазаров во изјава за македонските новинари кои во Атина го следеа натпреварот со АЕК, по победата 25-29 на гостински терен.

Сакам пред сè да им честитам на момците! Секоја чест за момците Македонци. Како што и се договоривме да бидеме храбри, да не паднеме на ниеден притисок, тоа и го трениравме бевме мудри во текот на целиот натпревар и самите видовте дека не беше воопшто лесно со оглед на целиот притисок, истакна тренерот на Алкалоид Кире Лазаров во изјава за македонските новинари кои во Атина го следеа натпреварот со АЕК, по победата 25-29 на гостински терен, јави дописничката на МИА од Атина.

Домаќините имаа огромна и силна поддршка од навивачите, кои речиси ја исполнија олимписката сала и 7.800 гледачи го бодреа АЕК што воедно е и рекордна посетеност за атинскиот клуб кога станува збор за ракометот.

Сепак избраниците на Лазаров успеаја да стигнат до победа во пресрет на реваншот следната недела во Скопје, а тренерот посочи дека се што било договоривме го исполниле 90 отсто и сега е време да се слави победата, славење кое започна уште од соблекувалната во салата веднаш по натпреварот.

-Голманите беа на одлично ниво. Мислам дека сите придонесоа, но тие придонесоа многу за да биде ваков резултатот. Четири разлика е голема разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така можеби и резултатот нема да беше тој, истакна Лазаров.

Ракометарите ќе добијат неколку дена за да се одморат, а потоа и ќе продолжат со подготовките за реваншот во Скопје, а Лазаров вели дека потребно е да бидат внимателни. иако ќе бидат мотивирани.

– Овие момци ја направија горда нацијата, бидејќи ова не е каква било победа, победа во главниот град на Грција. Треба да се одмориме малку и добро да се подготвиме, затоа што ќе биде огромна желбата, индивидуална кај поединци и ќе сакаат да се докажат пред 7.000 гледачи во Борис Трајковски и тоа ќе биде мојата работа и на стручниот тим да направиме стратегија, како да не го прокоцкаме она што го направивме овде. Ова е искусна екипа, огромна е предноста, ќе бидеме мотивирани и ќе бидеме претпазливи. Секоја чест за момците Македонци, истакна Лазаров.

Во текот на второто полувреме, предмет фрлен од навивачите на АЕК упатен кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, по што беше побарано да се смират страстите, но напротив следеше и чаша со вода фрлена кон теренот и гневни домашни навивачи, веројатно поради резултатот, да упатуваат псовки кон Алкалоид.

Тренерот на македонскиот тим, заедно со дел од играчите на АЕК се упати кон трибината и ги смируваше навивачите.

За инцидентот и провокациите од навивачите, првиот човек на Алкалоид истакна дека биле психолошки подготвени и за ова сценарио.

– Ние бевме подготвени на тоа, очекувавме и полошо сценарио, бевме психолошки подготвени за ваква атмосфера. Можеби малку грешката е кај нас, не требаше да реагираме на публиката, но не понесе емоцијата, водевме три гола. Требаше да се смириме. Сакаат да направат фора за да го свртат натпреварот. Им реков смирете се ова е фора, сакаа да го свртат натпреварот, објасни Лазаров во изјавата по натпреварот.