Утринава дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона ги вознемири вработените. Сите го напуштија објектот додека траеја проверките. Констатирано беше дека се работи за лажна пријава.
Веста ја потврдија и од МВР:
„На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава“.