
Лажна дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште
Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос.
Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
По анонимниот повик во канцелариите на бродската компанија Blue Star преку кој беше пријавено дека во самиот брод е поставен експлозивен механизам, патниците беа евакуирани и се изврши проверка со помош на куче-душкач.
Откако не беше пронајдено ништо и се покажа дека станува за лажна дојава, траектот отплови со над час и половина задоцнување.