Лажна дојава за бомба вознемири патници на летот Рим – Приштина

Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина имало синоќа, јавија регионалните медиуми.

Авионот за кој се случила дојавата летал од Рим кон косовската престолнина.

Сепак, на крај испаднало дека дојавата е лажна, а веднаш по нејзиното добивање е направена контрола.

Информацијата ги вознемирила патниците, но нивната здравствена состојба е добра и набргу ситуацијата се смирила, рекол шефот на полицијата на аеродромот „Адем Јашари“, Шпенд Малиќи.

Во авионот имало околу 200 патници.