Лажен поп „пеел“ на гробиштата во Ѓорче Петров

Во саботата, на Задушница, лажен поп нудел да „пее за покојниците на гробиштата во Ѓорче Петров, а на гробиштата во Горно Лисиче пак, била ограбена старица на 74-годишна возраст.

Во саботата, на Задушница, лажен поп нудел да „пее за покојниците на гробиштата во Ѓорче Петров, а на гробиштата во Горно Лисиче пак, била ограбена старица на 74-годишна возраст.

„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, потврдиле од МВР за „Слободен печат“.

Човекот бил уапсен од полицијата на гробиштата каде бил затечен, а верниците останале зачудени.

Во вториот случај пак, полицијата информира дека на 01.11.2025 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.Б.(74) од Скопје пријави дека околу 9.50 часот во близина на гробиштата во Горно Лисиче, скопско, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле паричникот со пари и документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.