Лажен полицаец измами скопјанка за 170.000 денари

Според полицијата, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало дете, како и дека мора да плати за да не оди во затвор.

Во Скопје 82-годишна жена пријавила измама вредна околу 170.000 денари.

Според полицијата, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало дете, како и дека мора да плати за да не оди во затвор.

Жената излегла на улицата и им ги предала парите на непознато машко лице, но подоцна сфатила дека станува збор за измама и дека нејзината внука не учествувала во несреќата.