Лагард: ЕЦБ ќе продолжи да ги намалува каматните стапки
Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска изјави дека креаторите на политиките во еврозоната дополнително ќе ги намалат каматните стапки доколку инфлацијата продолжи да паѓа на својот пат кон целта на ЕЦБ од два отсто.

– Доколку дојдовните податоци продолжат да ја потврдуваат нашата основна линија, насоката на патување е јасна и очекуваме дополнително да ги намалиме каматните стапки, рече Лагард во говор во Банката на Литванија.
ЕЦБ повторно ги намали стапките минатата недела бидејќи се чинеше дека инфлацијата е ставена под контрола, а економијата на еврозоната покажа знаци на слабост.
Потегот од четвртина поен беше трето намалување на централната банка со седиште во Франкфурт и четврто од јуни.
– Иако сè уште не сме таму, блиску сме до постигнување на нашата цел за инфлација од два проценти, рече Лагард
Инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,3 отсто во ноември, а највисока беше над 10 отсто кон крајот на 2022 година. И во новите економски проекции објавени минатата недела, ЕЦБ соопшти дека очекува стапката на инфлација да се намали на 2,1 отсто во 2025 година и да биде 1,9 отсто во 2026 година.