Лагард: ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки за да ја намали инфлацијата
Директорката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска изјави дека ценовните притисоци се „силни“ и нагласи дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки доволно за да ја намали инфлацијата и ќе ги задржи „колку што е потребно“.
– Нашите идни одлуки ќе гарантираат референтните каматни стапки да се доведат до нивоа што се доволно рестриктивни за да се постигне навремено враќање на инфлацијата до нашата среднорочна цел од два проценти. Каматните стапки ќе се задржат на тие нивоа онолку долго колку што е потребно, рече Лагард.
Таа истакна дека инфлацијата е најголем товар за обичните луѓе, особено за оние кои имаат ниски приходи и поголемиот дел од приходите го трошат на храна и енергија.