„Соработката меѓу Русија и Кина само ќе стане посилна во сегашните околности“. Ова го изјави денеска рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.
„Оваа соработка ќе стане посилна, бидејќи во време кога Западот очигледно ги поткопува темелите на кои е изграден меѓународниот систем на вредности, секако дека ние како две суперсили (Русија и Кина) ќе треба да размислиме како да продолжиме во овој свет“ – истакна Лавров.
По вчерашниот телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Џо Бајден ги наведе „импликациите и последиците“ во случај Пекинг да обезбеди материјална поддршка за Русија и нејзиниот напад врз Украина.
Кинеските државни медиуми објавија дека Си ја опишал војната како „ничиј интерес“, но не се споменува директна критика кон рускиот претседател Владимир Путин.