
Лавров: Светскиот поредок се распаѓа, борбата за моќ станува прашање на живот и смрт
„Се наоѓаме среде преуредување на глобалниот поредок, за кое се надеваме дека ќе доведе до создавање одржлив и праведен мултиполарен свет. Но засега таа трансформација повеќе личи на разорување во секоја смисла на зборот“, рече тој.
Во тек е целосно разорување на стариот светски поредок и интензивна борба за глобално лидерство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе ТАСС.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека Москва повикува на итен прекин на американската и израелската агресија врз Иран и дека употребата на воена сила против цивили и цивилна инфраструктура е неприфатлива.
Лавров на состанок на Рускиот совет за меѓународни работи оцени дека новиот светски поредок се воспоставува преку рушење на стариот.
„Се наоѓаме среде преуредување на глобалниот поредок, за кое се надеваме дека ќе доведе до создавање одржлив и праведен мултиполарен свет. Но засега таа трансформација повеќе личи на разорување во секоја смисла на зборот“, рече тој.
„Борбата за водечките позиции во новиот свет е исклучително жестока – тоа е прашање на живот и смрт. Сведочиме на тоа речиси секојдневно“, додаде министерот.
Според него, меѓународното право се крши, а „сè помалку има ограничувачки фактори“ што со децении обезбедувале релативна стабилност. Тој посочи и дека некои држави полагаат право на територии без правна основа.
Говорејќи за односите со западните земји, Лавров рече дека тие не се во добра состојба, но дека Москва е подготвена за дијалог, иако „сигурно нема никого да брка“.