Лавров: САД сакаат светот да изгледа како „американски бар“
Сергеј Лавров – рускиот шеф на дипломатијата смета дека САД сакаат светот да изгледа како „американски бар“ каде што Американците го имаат главниот збор, пренесува „Скај њуз“.
„Има многу земји. Не сакаат да примаат наредби од `чичко Сем`“ рече Лавров.
Тој додаде дека „санкциите нè прават посилни“ и „изгубивме секаква илузија дека некогаш можеме да се потпреме на Западот“.