Лавров: Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина

Сергеј Лавров – шефот на руската дипломатија денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

„Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“ – рече Лавров.