„Постои реална опасност за почеток на Трета светска војна која не може да се потцени“. Ова е ставот на рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.
„Опасноста е сериозна, реална, не може да се потцени“, рече Лавров вчера во емисијата „Голема игра“ на Канал 1.
Тој изјави дека Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна.
„Не сакам вештачки да се зголемуваат овие ризици, иако многумина би сакале. Опасноста е сериозна, реална. И тоа не смееме да го потцениме“ смета Лавров.
Неговиот коментар за украинскиот претседател Володимир Зеленски е дека се преправа дека преговара.
„Тој е добар актер. Ако внимавате што зборува, ќе слушнете илјада противречности“ – рече Лавров.
⚡️Lavrov: 'Real risk' of nuclear war.
The risk of a nuclear war shouldn’t be underestimated, Russia’s Foreign Minister Sergey Lavrov told state-controlled media. Lavrov earlier said that if World War III were to take place, it would involve nuclear weapons and be destructive.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 25, 2022