
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде утре ќе се одржи самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.
При влегување во хотелот, Лавров кратко разговараше со новинарите, облечен во маица со натпис „СССР“ (советскиот акроним за Сојузот на Советските Социјалистички Републики).
Тој изјави дека Москва на состанокот ќе изнесе „јасен и разбирлив став“ и дека во текот на неодамнешната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, било постигнато „многу“.
„Ние никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасен и разбирлив став. Тоа и ќе го презентираме,“ рече Лавров, додавајќи дека се надева утрешниот самит да продолжи со „корисниот разговор“ започнат со Виткоф.