„НАТО не може да се смета за одбранбен сојуз, со оглед на воените операции што ги спроведе во Југославија, Либија и Авганистан“. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров.
Toj оценувa дека не е јасно каков придонес даваат Црна Гора и Македонија за Алијансата, со оглед на нивните воени и воено-технички ресурси.
„За тоа се работи. Тие немаат едноставно право да поканат кого сакаат. Мора да погледнат до кој степен тоа придонесува за безбедноста на самата Алијанса. Примија земји со чии народи имаме добри односи – Македонија и Црна Гора“ – рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија посочи дека по завршувањето на Студената војна, НАТО во суштина престанал да биде одбранбен сојуз.
„Тоа тешко може да се нарече одбранбено. Не смееме да заборавиме дека тие ја бомбардираа Југославија речиси три месеци, ја нападнаа Либија со кршење на резолуцијата на Советот за безбедност, како и на тоа како се однесуваа во Авганистан“ – рече Лавров.