Москва ќе ја сфати испораката на американски борбени авиони Ф-16 на Украина како намерен сигнал од НАТО во нуклеарната сфера, што укажува дека воениот блок е подготвен на се, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според Лавров, борбените авиони Ф-16 долго време се користат како дел од заедничките нуклеарни мисии на НАТО. Русија, додаде тој, постојано предупредува дека ќе ги смета авионите испратени во Украина за нуклеарна закана поради нивната способност да носат атомско оружје.
„НАТО се обидува да сигнализира дека е буквално подготвен на се во Украина. Не можеме, а да не го сметаме доставувањето на овие системи на режимот во Киев како намерно сигнализирање на дејствувањето на НАТО во нуклеарната сфера“, рече Лавров во денешното интервју за РT.
Лавров оцени дека снабдувањето на Киев со се поразорно оружје ја потврдува неподготвеноста на Западот да стави крај на конфликтот во Украина. Според него, Ф-16 нема да ја промени ситуацијата на бојното поле, бидејќи тие ќе бидат уништени како и другите видови оружје што земјите од НАТО и ги испорачуваат на Украина.
Лавров го предупреди Западот за нуклеарна ескалација, која може да доведе до „катастрофални последици“. Претседателот Владимир Путин ја нареди вежбата претходно овој месец за да се тестира способноста на Русија да користи нестратегиско нуклеарно оружје, потег опишан како реакција на непријателските изјави од Западот.
Белгија, Данска, Холандија и Норвешка ветија дека ќе и снабдат на Украина ловци Ф-16 од американско производство, иако ниту еден досега не е испорачан. Сепак, претходно во мај, данската премиерка Мете Фредериксен објави дека првите авиони ќе пристигнат во Украина „следниот месец“.
Украински пилоти во моментов се обучуваат за авиони Ф-16 во Романија, каде на крајот на минатата година беше отворена школа за летови поддржана од НАТО.