
Лавров: Европа се подготвува за војна
Лавров нагласи дека Русија нема намера да напаѓа членки на НАТО или ЕУ и е подготвена да го вклучи овој став во идните безбедносни гаранции за Европа, но лидерите на ЕУ избегнуваат колективно разгледување на овие гаранции.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск оцени дека западните земји се „подготвуваат за нов голем воен конфликт“ преку проширување на НАТО и интензивирање на активности во Арктикот и Тихиот океан со цел контрола врз Кина и изолација на Русија.
Лавров нагласи дека Русија нема намера да напаѓа членки на НАТО или ЕУ и е подготвена да го вклучи овој став во идните безбедносни гаранции за Европа, но лидерите на ЕУ избегнуваат колективно разгледување на овие гаранции.
Тој истакна дека Русија, заедно со Кина, Индија, Иран и земјите од ЗНД, се залага за еднакви права на сите држави, спротивно на западниот пристап на доминација.
Во однос на конфликтот во Украина, Лавров ги обвини европските членки на НАТО дека го продолжуваат војниот конфликт преку испорака на оружје и финансии за Киев, додека Москва се потпира на принципите од самитот Русија-САД во Аљаска и очекува одговор на предлозите за обновен директен воздушен сообраќај и нови договори за стратешко вооружување.