Сергеј Лавров – рускиот министер за надворешни работи синоќа, во говор на 77. годишна сесија на Генералното собрание на ОН го обвини Западот за „русофобија без преседан”.
„Официјалната русофобија на Запад е без преседан, а нејзините размери се гротескни“ – истакна Лавров.
Тој тврди дека западните сили „не се двоумат да ја објават својата намера не само да нанесат воен пораз на (Русија), туку и да ја уништат”.
Лавров се осврна и на осудата од Западот, посебно од САД, на референдумите за присоединување со Русија, што се одржуваат во украинските региони под руска контрола.
За него референдумите значат дека локалните жители ја враќаат „земјата каде што нивните предци живееле стотици години”.
Тој ги обвини САД дека се обидуваат да го претворат целиот свет во нивни „двор”.
„Денес се одлучува за иднината на светот“ – посочи Лавров.
Тој, исто така, го обвини Западот за кризата со храна и енергија, која, според него, настанала како резултат на „неконтролираните монетарни емисии во САД и ЕУ за време на пандемијата” и „неодговорните постапки на Европска Унија на пазарите на јаглеводороди”, а „само се продлабочува најавена од Западот економската војна со Русија”.