
Лавров: Ако нè нападнат, војната ќе биде кратка
Според него, лидерите на европските земји се однесуваат воинствено и постојано зборуваат за својата подготвеност да влезат во војна со Русија, додека руската страна, како што истакна тој, нема таква намера.
Ако Европа ја нападне Русија, војната ќе биде многу кратка, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, лидерите на европските земји се однесуваат воинствено и постојано зборуваат за својата подготвеност да влезат во војна со Русија, додека руската страна, како што истакна тој, нема таква намера.
– Никогаш нема да ги нападнеме. Но, ако нè нападнат, тоа ќе биде суштински поинаква војна и ќе трае многу кратко – рече Лавров.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, претходно ја нарече Русија егзистенцијална закана за европските земји.
Директорот на Службата за надворешно разузнавање на Русија, Сергеј Наришкин, изјави дека ЕУ, во своите стратешки документи кои се однесуваат на периодот до 2030 година, утврдила планови за подготовка за можна воена конфронтација со Русија.