Лавови избегале од кафез во зоолошка градина во Сиднеј

Пет лавови избегаа од зоолошката градина во австралискиот град Сиднеј, меѓу кои и еден возрасен.

Четири младенчиња и возрасен лав избегале од кафезот на зоолошката градина Таронга и се преселиле во област оддалечена 100 метри од зоната во која престојуваат посетителите, јави „Би-Би-Си“.

Официјалните лица изјавија дека зоолошката градина била накратко затворена, а откако едно од младенчињата се смирило, сите пет лава биле повторно фатени. Во соопштението се наведува дека нема повредени, а не е прецизирано како лавовите избегале.

Менаџерот на зоолошката градина Сајмон Дафи смета дека е неопходно да се истражи како се случило бегството.

На снимката од безбедносната камера се гледа како чуварот го вклучил алармот десет минути по бегството.
Лавовите биле фатени пред да ја напуштат помалата област, а главниот дел од зоолошката градина бил затворен за време на инцидентот.

Од безбедносни причини просторот каде што се наоѓаат лавовите ќе биде затворен до следниот увид.