Лавина затрупа луѓе во Калифорнија – десет скијачи се водат како исчезнати, шест преживеаја
Десет скијачи се водат како исчезнати, а шест преживеаја од лавината што падна денес на планинската област Касл Пик во округот Невада, на север од американската држава Калифорнија, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата во исклучително тешки временски услови, објавија локалните власти.

Канцеларијата на шерифот на округот Невада соопшти дека лавината е пријавена за време на силна снежна бура што ги затворила автопатите во планинските превои.
Од организацијата „Blackbird Mountain Guides“, која се занимава со едукација и професионално водење на скијачи на тури, беше објавено дека групата се враќала од тридневна турнеја кога се случила лавината, објави CBS News.
Тимот за пребарување и спасување на округот Невада, како и специјализирани екипи за спасување на скии, учествуваат во спасувачката операција.
Моторна санка е испратена да помогне, додека Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Калифорнија соопшти дека координира дополнителни ресурси за потрагата.
Центарот за лавини издаде предупредување за голема опасност од лавини во централниот дел од планинскиот масив Сиера Невада, а опасноста е оценета како „висока“.