Лабудовиќ : Со Бујар Дулови и еснафот имаме јасен концепт – ја враќаме енергијата и животот во Старата скопска чаршија
Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ денеска беше во Старата скопска чаршија каде се сретна со еснафот кој тука работи и функционира. Имаше срдечни средби и разговори со повеќе сопственици на занаетчиски дуќани, ги слушна нивните животни приказни, приказните на нивните занаети и дуќани кои тука егзистираат со децении, а речиси редовно се пренесуваат од генерација на генерација, се наведува во соопштението од Движење ЗНАМ.

-Старата скопска чаршија е најубавата жива приказна на нашиот град. Веќе неколку векови е сведок на различи епохи, народи и култури. И, сè уште го чува истиот мирис на занает, на кафе, на разговор и на живот. За мене, зачувувањето на чаршијата не е само обврска – тоа е аманет, чест и љубов кон сопственото минато и иднина, рече Лабудовиќ.
Тој заедно со својот домаќин – претседателот на здружението на еснафи од Чаршијата Бујар Дулови, како што го нарече, човек кој целиот свој живот поминал меѓу уличките на Старата Чаршија и најдобро го чувствува нејзиниот ритам, но и со другите од еснафот, поразговараа за предизвиците, но и за многу идеи што ќе ги направат заедно со нив во скопската чаршија.
-Чаршијата од памтивек дише со пулсот на луѓето, на туристите што и се восхитуваат и на еснафот што со многу труд и љубов ја одржува нејзината магија. Јас во мојот домаќин, господинот Дулови најдов партнер, а и тој во мене за многу нешта што ќе ги правиме на овој простор. Враќањето на духот и сјајот на чаршијата ќе биде наша заедничка заложба и со Град Скопје, затоа што токму таа е срцето на туристичката мапа на градот. Горд сум што во мене препознаа партнер и пријател на чаршијата, човек кој ќе биде секогаш тука, меѓу луѓето, за луѓето. Верувам дека преку културата и заедништвото ќе го вратиме животот во Скопската чаршија, потенцираше Лабудовиќ.
Тој воедно ја искористи приликата и на припадниците на турската заедница во Македонија, која е значителен дел од целокупниот еснаф во Старата Чаршија да им го честита 29 октомври – денот на Турската Република.