Проф. д-р. Веселина Лаброска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е еден од потписниците на Манифестот против францускиот предлог истакна дека сите потпишани се консултирани и никој не е злоупотребен. Манифестот е во одбрана на јазикот од тој предлог. Вели дека фактот дека некој ни става придавка е многу проблематично од јазичен аспект.
- Ако нешто се преименува автоматски претходното престанува да важи. Ако македонскиот јазик се замени со сверномакедонски и тоа стане практика, тогаш се што пишуваме за македонскиот јазик, ќе биде историско. Ако продолжи ваков тренд на преименување на мајчиниот јазик, ќе се избришеме самите себеси. – вели Лаброска.
Таа истакна дека Бугарија ги диктираат своите позиции и дека има оиправдани стравови, зошто јазикот ни е е признаен и влезен од цел славистички свет. Ако тоа почне да се брише и да се смени јазикот, нема да се поврзат идните генерации со ова што сега го имаме како своја придобивка. Ќе нема од каде идните генерации да научат од каде се македонски, со сменети учебници и име.
- Именувањето на јазикот ако го промениме, како ќе се поврземе историски со она што си го имаме како јазик. Тоа е најстрашното. Бугарите беа на истиот став и сите претходни децении. Не го смениле наративот, но тогаш имавме поддршка до сите прогресивни светски сили. Сега ЕУ ни го сврте грбот и во таква ситуација, ние треба да бидеме погласни. – вели Лаброска.
Лаброска смета дека имавме еден проблем со Бугарија, а сега ЕУ застана зад нив. Ние недоволни правиме за себе и имаме македонисти што не работат под струка и заминуваат во странство. Не си ги заштитивме нашите малцинства. Со Преспанскиот договор го исклучивме малцинството во Грција, а со Договорот за добрососедство ги исклучивме нашите таму, вели Лаброска.