К-15 ќе се исплаќа на крајот на ноември или почетокот на декември

Иако во основниот буџет не беа, во ребалансот на Буџетот се предвидени милијарда денари за исплата на К-15, секако и за наставниците, која е законска обврска на сите работодавачи, рече премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

„Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември, рече тој.

Мицкоски додаде дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.