Себастијан Курц – екс канцеларот на Австрија во првото интервју по повлекувањето од политичката сцена ја отфрли можноста за враќање, и тоа засекогаш. Тој ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, што е закажано за 14 мај.
„Можам целосно да го исклучам трајното враќање во политиката. Почнав да се занимавам со политика на 16 години, станав државен секретар на 24 години, а оттогаш бев во владата цели десет години. Имав доволно порции политика“ – рече Курц и додаде дека е среќен што може да и служи на земјата и дека сега е среќен што може да работи во економијата.
Најави поддршка на канцеларот Карл Нехамер и неговиот нов тим.