Курти телефонски разговарал со Блинкен за преговорите со Србија

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека синоќа разговарал со државниот секретар на САД, Антони Блинкен, кого го информирал за актуелните состојби во Косово, со акцент на текот на преговорите за решавање на спорните прашања со Србија.

На неговата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека со Блинкен разговарал „за потребата од интензивирање на дијалогот“ меѓу Приштина и Белград, до постигнување конечен договор меѓу двете страни.

„Имав мошне добар телефонски разговор со државноот секретар Блинкен. Го информирав за постојаниот прогрес на Косово. Зборувавме за односите меѓу Косово и Србија и за потребата од интензивирање на дијалогот во правец на еден законски обврзувачки договор, во чиј центар би било меѓусебното признавање“ – напиша Курти.