Курти: Српски избори на Косово – прво треба дoговор меѓу двете држави

Премиерот на Косово – Албин Курти изјави дека е потребен договор со Србија за да може да се организира гласање на косовските граѓани со двојно државјанство на српските претседателски и парламентарни избори на 3 април.

Според соопштението од владината служба за односи со јавноста, Курти на виртуелна средба со шефовите на дипломатските и конзуларните претставништва на Косово порачал дека властите во Приштина „не сакаат да им го ускратат правото на глас на граѓаните со двојно државјанство во Косово, но исто така не можат ниту да дејствуваат спротивно на законите и Уставот на државата“.

„Кон двете работи ќе се однесуваме одговорно“ се цитира Курти во соопштението.