
Курти: Србија се меша во изборите на Косово
Премиерот во заминување на Косово, Албин Курти, денес изјави дека мешањето на Србија во Косово е „посериозно од руското влијание во Европа“.
Премиерот во заминување на Косово, Албин Курти, денес изјави дека мешањето на Србија во Косово е „посериозно од руското влијание во Европа“.
-Мисијата за набљудување на изборите на Европската унија на парламентарните избори на 9 февруари го евидентираше мешањето на Србија во нашите избори. Мешањето на други држави претставува кршење на демократијата и суверенитетот на таа земја. И покрај сè, Србија не претрпе никакви последици од ЕУ, поради што не го менува своето однесување. Ова мешање што Србија моментално го врши е уште посериозно од она што го врши Русија во Европа, рече Курти на владина седница, зборувајќи за вмешаноста на Србија во изборниот процес во Косово.
Курти ја повика Европската унија да го осуди „мешањето на Белград во изборите во Косово и да ја санкционира Србија за дејствија што се спротивставуваат на принципите на добрососедски односи и го кршат основниот договор од Брисел“.
Тој додаде дека неодамнешните ветувања на српскиот претседател Александар Вучиќ за работни места, како и привлекување гласачи преку финансиска поддршка, условување и уцена, како и изјавите дека само Српската листа „ја брани Србија на Косово“, се повторувачки методи на мешање на Србија во изборниот процес на Косово.