Курти се премисли, отпатува за Братислава

Косовскиот премиер Албин Курти денеска отпатува за Братислава за да учествува на Форумот „GLOBSEC2023“, јавуваат Репортери.

Вчера, владиниот портпарол Перпарим Криезиу за новинарите изјави дека Курти ја одложил посетата поради развојот на настаните на северот, но Владата го оставила отворено учеството на Курти на форумот.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска отпатува во официјална посета на странство, поточно во Молдавија, каде што ќе го претставува Косово на вториот самит на Европската политичка заедница (ЕПС).

Како што соопштија од Претседателството, претседателот Османи ќе им се придружи на другите шефови на држави на европскиот континент, како и шефовите на институциите на ЕУ, со цел да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакне соработката во решавањето на најитните прашања за безбедност и стабилност во Европа.