Курти разговарал со командантот на КФОР за безбедносната ситуација на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска се сретнал со командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташи, со кого разговарал за безбедносната состојба и соработката со меѓународните мировни сили, соопшти Владата на Косово.

Во однос на новата регулатива на Централната банка, Курти му рекол на Улуташи дека ЦБК е независна и професионална институција и дека Владата не може и не треба да влијае на нејзиното одлучување, се вели во соопштението.

Курти зборувал и за важноста на борбата против перењето пари и криминалот и рече дека Косово го доби еврото како валута – од Европската унија.

Тој посочил дека „Владата го поддржува спроведувањето на законитоста и уставноста во целата држава и се грижи за мирот и безбедноста“.

Курти им се заблагодарил на меѓународните мировни сили за нивниот придонес во зачувувањето на мирот и безбедноста на Косово.