Курти разговарал со Борел за ситуацијата по изборите на северот на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти објави дека разговарал со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел за актуелни прашања, вклучително и оние по изборите во четири општини на север.

Курти на Твитер напиша дека нагласил дека избраните градоначалници ќе даваат услуги за сите граѓани.

„Имав разговор со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел во врска со актуелните прашања, вклучително и оние по изборите во четири општини на северот. Нагласив дека избраните градоначалници ќе даваат услуги за сите граѓани. Важно е да се интензивира дијалогот за целосна спроведување на Основниот договор“, напиша Курти.

Пред овој разговор, Борел најави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за ситуацијата на северот на Косово и дека се согласуваат дека Приштина не смее да презема еднострани и дестабилизирачки чекори.