![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/albin-kurti-EPA-750x430.jpg)
Презентираниот нацрт статут на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) на Косово ја претставува желбата на Србија да формира една Република Српска на Косово, изјави косовскиот премиер Албин Курти по вчерашната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, пренесува Анадолија.
Курти за новинарите изјави дека на почетокот на средбата, со посредство на високиот претставник Жозеп Борел и специјалниот посредник на ЕУ, Мирослав Лајчак, се договориле за договорот за исчезнати лица, кој е преточен во Декларацијата за исчезнати лица за време на војната во Косово.
Косовскиот премиер изјави дека менаџерскиот тим потоа им го доставил нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово, кој е целосно спротивен на Уставот и законите на Косово, спротивен на демократијата, европските вредности, хуманата права и малцински права.
„Реков дека поднесениот нацрт на статутот е суштински спротивен на Уставот. Нацрт-статутот што беше претставен е резултат на желбата за Република Српска на Косово, додека нацрт-статутот што јас го поднесов е нешто слично на оној што Србија го има со Хрватска“ – рече Курти.
Тој рече дека и покрај ова, Косово е заинтересирано да се најде решение во согласност со членовите 7 и 10 од Договорот за нормализација постигнат на 27 февруари во Брисел.
„Претставив нацрт на визијата за тоа како треба да изгледаат вредностите и принципите, која би била рамката што го регулира прашањето за немнозинските заедници, етничките малцинства, поточно Србите на Косово. Верувам дека тоа ќе биде сериозно третирано од посредниците Борел и Лајчак“ – рече Курти и додаде дека Србите треба да живеат на Косово и да имаат права.
Тој изјави дека е против идејата некои Срби да се поважни од другите Срби, бидејќи се во оваа или онаа општина. Тој ова го оцени како сегрегација на Србите. Курти рече дека Косово ја отфрла територијалната автономија.
Наведе и дека на посредниците им предал документ во кој наведува дека Србија го прекршила Договорот од 27 февруари.
„Само во март и април 8 од 11 члена од тој Договор се прекршени. Бараме гаранции за спроведување на тој договор и анексот“ – рече косовскиот премиер.
Одговарајќи на новинарски прашања зошто го отфрлил европскиот предлог за надминување на ситуацијата на северот на Косово, Курти рече дека не е среќен што излезноста на изборите на 23 април е слаба. За ова ја обвини Српска листа која одби да учествува на изборите и рече дека за грешката на Српска листа не може да се обвини државата Косово.
Тој рече дека градоначалниците се неопходни за да бидат во служба на граѓаните.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вчера изјави дека имал тешки средби во Брисел и дека е многу загрижен бидејќи за клучното прашање за формирањето на ЗСО Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години.
„Го знаев тоа, но денеска првпат удривме во ѕид и беше јасно од моментот кога беше воведен Нацртот и начинот на кој се обидоа да ги понижат двете жени кои го направија тоа, до нивната реакција потоа, дека тоа е неприфатливо од нив“ – изјави Вучиќ по вчерашната средба и додаде дека од Приштина велат дека тоа не е во согласност со косовскиот устав.