Курти: О’Брајан ја потврди американската поддршка за Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека поддршката на САД за Косово ја потврдил и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан.

„Задоволен сум што се сретнав со американскиот помошник државен секретар О’Брајан, кој ја потврди континуираната поддршка на САД за Косово. Разговаравме за брзиот економски и демократски напредок на Косово – широко признат од меѓународните организации – и јас ја повторив нашата посветеност за членство во Европската Унија и НАТО како наши главни стратешки цели“, напиша Курти на платформата Х.

Средбата се одржа во Париз, каде Курти престојува во рамки на Форумот за мир.

Курти во текот на денот во својот говор на Форумот рече дека Косово се соочува со безбедносни закани од странство, особено од Србија.