Курти му се заблагодари на командантот на КФОР за смирувањето на тензиите на северот

Косовскиот премиер Албин Курти му се заблагодари на командантот на КФОР, генерал-мајор Ференц Кајари за неговите напори и посветеност во служба на мирот и стабилноста во земјата, особено за смирување на тензиите на северот на Косово.

Како што соопштија од Владата на Косово, на прошталната средба Курти високо ја оценил соработката во овој период, особено намалувањето на тензиите на северот на Косово.

„Вашето огромно искуство и лидерство одиграа многу важна улога во решавањето на ситуацијата и одржувањето на кохезијата во КФОР, и покрај предизвиците“ – рече премиерот Курти.

Кајари му се заблагодари на Курти за отворената дискусија и подготвеноста за соработка.

Тој ја оцени и соработката со институциите за ред и безбедност на Косово.