Косовскиот премиер Албин Курти вчера рече дека Косово нема намера да гради армија „поголема или помоќна од Србија“, но мора да изгради такви воени капацитети и способности за „да го направи безуспешен нападот на Србија“.
Во изјава за албанската „А2 CNN“, тој истакнал дека Косово мора да биде „претпазливо бидејќи постојаната опасност од Србија и понатаму е присутна“.
Косовските претставници, почнувајќи од претседателката Вјоса Османи, премиерот Курти и мнозинството министри во Владата на Косово секојдневно предупредуваат за опасноста од напади од Србија, објаснувајќи ја со „голем број луѓе и оружје во непосредна близина на преминот меѓу Косово и Србија“, пишуваат дел од српските медиуми.